- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 90НОВИ / 24h
- 1 од 15
- следно ›
- Контакт
Филипче побара да се изврши вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Како што соопштија од Министертсвото за здравство, директорката на Клиничката болница во Битола, Билјана Гагачовска во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница, информирала дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два кревета за време на интервенција, пациентите починале.
Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето". Од таа причина телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртовечница, објаснила директорката на болницата во Битола.
Министерството за здравство апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат било каков сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.
Образование и здравство
Објавено на
24 Ноември 2020 - 17:23