Министерство за здравство

Филипче: Не е детектиран јужноафриканскиот сој, вакцините од Кина за многу кусо време ќе пристигнат

Во нашата земја сѐ уште не е детектиран јужноафриканскиот сој на вирусот. Здравствената состојба се следи и засега не се предвидени рестриктивни мерки. Авансот за вакцината Синофарм го повелковме за наша сигурност, но тоа не значи дека вакцините нема да стигнат, изјави вечерва  министерот за здравство д-р Венко Филипче за ТВ Канал 5.

„Имаме зголемен број на пациенти посебно во некои градови. Така е и во регионот. Навистина се зголеми бројот на хоспитализирани пациенти во болницата во Кавадарци и Прилеп. Со иста динамика беше и приемот на пациенти во охридската болница, во другите градови состојбата е прилично мирна и стабилна. Во овој момент имаме сосем доволно болнички капацитети. Ситуацијата засега е таква да нема нагол раст на кривата како што имаше во месец ноември. Мерките засега се добри и ситуацијата се прати“, истакна Филипче.

За вакцините од Кина министерот вели дека самиот процес траеше подолго време од тоа што сите на почетокот планирале. „Се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа практично многу често ни укажуваат. Затоа се врати делот од средствата. Меѓутоа преговорите се во последна фаза и мислам дека целокупниот процес ќе се заврши и навистина вакцините за многу кусо време ќе пристигнат во нашата земја“, рече Филипче.

Преку Ковакс механизмот, информираше министерот, месецов треба да се добијат 20 до 30 илјади вакцини.

„Ги очекуваме вакцините да пристигнат во месец март, тоа се вакцини од производителот Астра зенека. Интензивно, дополнително разговаравме и со претставниците на вакцината Спутник В. Верувам дека во текот на оваа недела ќе имаме конкретни податоци, конечно и од најавите на претставништвото на Фајзер од Белград дека драфт договорот ќе пристигне каде што веќе се разработени сите детали. Имавме интензивна комуникација со размена на бројни документи, мислам дека тој процес е навистина заокружен. Тоа што сега се очекува во делот на Фајзер вакцината е да стигне драфт договорот од адвокатската канцеларија на оваа компанија која е сместена во Њујорк“, рече Филипче.

Со вакцината на Фајзер досега се вакцинирани околу 2.400 здравствени работници. Следната недела бројката ќе достигне до 4.000 односно, вакцина ќе примаат сите здравствени работници кои работат со ковид пациенти.

 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе