Прес

Филипче: Најдени се сопатниците на скопјанката со коронавирус и се во изолација

Девет лица имало во комбито во кое се возела 50-годишната жена заразена со новиот коронавирус кога пристигнала на граничниот премин Табановце, изјави вечерва министерот Венко Филипче.

Тој рече дека сите сопатници веќе се пронајдени, биле контактирани и 14 дена ќе бидат во домашна изолација.

Четворица од сопатниците се во Скопје, а другите во Струмица.

„При интервјуто на границата пациентката не дала вистински податок дека веќе се лекувала во Италија. При контактот со патниците од комбито царинарниците и полицајците биле заштитени“, рече Филипче.

Тој додаде дека пациентката е во добра состојба, но дека од вирусот ѝ е зафатено едното белодробно крило.

 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе