Министерство за здравство

Филипче најавува можно враќање на училиште и на други одделенија и отворање на границите

Од 1 октомври, со физичко присуство во училиште би можеле да одат и други одделенија. Одлуката за промена на режимот на движење за граѓаните треба да биде донесена на следната онлајн-средба меѓу здравствените власти на земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција, најавува министерот за здравство Венко Филипче.

„Враќање на училиште и на други одделенија може само во ситуација кога вкупниот број на деца во одделенијата или бројот на класови во училиштето е толку мал да сметаат епидемиолозите дека е ризикот мал, односно ист или помал. На пример, имаме регионално училишта во кое учениците се заедно во едно одделение од прво до петто, од 10 до 15 или 7 деца. Ги анализиравме училиштата, на тие ќе им дозволиме, но ако веќе има една одредена бројка на деца, 20-на од прво до трето одделение нема да се дозволи на останатите одделенија, заради тоа што со тоа ризикот се мултиплицира. Еден е ризикот да бидат стотина деца од прво до трето одделение со физичко присуство во училиштата, ама повеќе од двојно ќе биде ризикот уште толку деца да ставиме од четврто, петто и шесто одделение на почетокот на октомври, бидејќи тие се во контакт со истите наставници. На пример, ако е некоја наставничка позитивна и дојде во контакт со голем број на деца тие се сите во ризик. Затоа одиме дел по дел“, вели министерот Филипче.

Следната недела се очекува одлука за отворање на границите меѓу земјите во регионот, најавува Филипче.

„Одлуката за промена на режимот на движење за граѓаните од регионот, кој беше воспоставен од почетокот на епидемијата со ковид-19, треба да биде донесена на следната онлајн-средба меѓу здравствените власти на земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција. Епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, па властите во земјите најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата“, рече Филипче.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе