Тој појасни дека болничките капацитети забрзано се исполнуваат, па за првпат и одделението во Кавадарци се користи за згрижување пациенти со ковид-19.
Меѓу болниците во Прилеп и Битола се менаџира, а и другите болници се исполнуваат. На располагање се модуларните болници, а ко се наполнат и тие, тогаш ќе мора да се воведе карантин, рече Филипче.
Денеска, според ковид-билтенот, во болница се 464 пациенти.
На Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.196, бројката на оздравени пациенти е 17.672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.674.