Министерот за здравство од Штип

Филипче: Лек за ковид-19 сѐ уште нема, не земајте „ремдесивир“ и „фавира“ на своја рака

Министерот за здравство Венко Филипче, на поставено новинарско прашање за препродавање и купување на лекови на црно од интернет од страна на граѓани, истакна дека ниту еден граѓанин не треба да посегне да бара лекови кои не се докажани дека помагаат во лекувањето на овој вирус.

„Насекаде во светот има многу клинички студии кои испитуваат, ние знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојни терапии за други болести или согласно симптомите коишто ги дава оваа болест. Мора да знаеме дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира. Во таа смисла апелирам да секој еден пациент во консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување, апсолутно само под контрола на лекар да прими соодветна терапија", потенцираше Филипче.

Ниту еден од овие лекови не се докажани дека помагат специфично за новата болест, порача министерот Филипче.

„Никој не треба да посегне да бара лекови коишто не се докажани дека помагаат во лекувањето на ковид-19. Уште во светот има огромен број на клинички студии коишто ипситуваат лекови. Сите знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојните терпаии за некои други болести или сиптомите коишто ги дава оваа болест, а мора да знаеме и граѓаните да знаат дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира“, рече тој.

Апелира секој пациент во консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување само со контрола на лекар да прими соодветна терапија.

Филипче потенцира дека постои унифициран протокол за лекарите за лекување на болните од Ковид-19 и на тој пиротокол им е укажано повеќе пати.

„Но што е суштината и кога ќе се каже нема унифициран протокол се однесува на тоа дека нема еден терк на лекувањена оваа болест зошто заради тоа што нема една форма на боелста. Има толку многу различни клинички форми што секоја клиничка форма бара поинаков пристап, поинакво лекување, поинакво дозирање на истите лекови коишто доаѓаат предвид за давање при соодветна манифестација и во таа смисла тоа е така секаде во светот. Затоа е многу битно сите коишто имаат и најмали симптоми и за било каков чекор во однос на дијагнозата за лекувањето да прават консултација со лекар“, рече Филипче.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе