Министерство за здравство

Филипче: И двајца бугарски државјани во домашен карантин

Пациентката кај која е потврдено присуството на коронавирусот е во стабилна состојба, нема знаци на компликации и е во фаза на опоравување. Патниците кои патуваа со неа се во домашна изолација и во добра состојба. Од утрово имаме еден патник од Струмица кој дошол од Италија на 22 февруари, добил некои симптоми на грип, се јавил на еден од телефоните и од него е земен материјал. Во текот на денот ќе известите за резултатите од тестирањето, изјави утрово министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека и двајца бугарски државјани кои работат во една битолска компанија, се пријавиле дека биле во Италија и тие се во 14-дневен домашен карантин.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе