По последните бројки на новозаразени

Филипче: Епидемијата е под контрола, сите новозаразени се со лесни симптоми

Епидемијата е под контрола, сите новозаразени се со лесна клиничка слика, изјави попладнево Венко Филипче, министерот за здравство.

Фото: Роберт Атанасовски

Филипче рече дека многу мал е бројот на пациентите што се јавуваат во болница и дека голем дел од новозаразените лечењето го продолжуваат во домашни услови. „Точно се знаат контактите и кластерите на над 70 % од контактите на овие семејства и кластерите во Чаир, Гази Баба, Сарај и Студеничани. Се работи за асимптоматски случаи и епидемијата е под контрола. Добар дел од пациентите се со лесни симптоми и остануваат дома, Здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи, имаме и капацитети и кадар“, рече Филипче.

„Засега нема да има промена на мерките, но кон крајот на неделата, откако ќе ги добиеме резултатите и од наредните 2-3 дена, ќе разговараме за можното повторно воведување на полицискиот час локално, во некои региони.“

Според информациите на Филипче, се работи за Чаир, Гази Баба, Сарај, Студеничани и Штип, но очекува амортизирање на ударот, бидејќи се знаат местата и контактите на заразените лица.

На прашањето дали се размислува за олабавување на мерката за носење заштитна маска по препораките на СЗО дека треба да носат само заболени лица, Филипче рече дека оваа мерка останува во сила бидејќи огромен е бројот на асимптоматски носители на вирусот.
„Добра е одлуката маски да носат сите зашто не знаеме во овој момент кој е тој процент на граѓани кои се носители на вирусот, а немаат симптоми", изјави тој.

Филипче најави дека и во наредните 2-3 дена сликата со бројот на новозаболени ќе биде слична, а промена очекува во текот на претстојниот викенд. 

Министерот рече дека за отворањето на границите, со оглед на последните бројки, и за отворањето на градинките, ќе се одлучува кон крајот на неделата и оцени дека според епидемиолошките анкети на контактите на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, можно е и за Оливер Спасовски, техничкиот премиер, да се одреди 14-дневна самоизолација.

Тој информираше дека за Штип е донесена одлука за затворање на 5 текстилни фабрики, откако денеска се регистрирани 27 нови случаи во оваа општина, и тоа главно конфекциски работнички што оделе на работа со ист автобус. За 600 работници предвиден е скрининг.

И понатаму, вели Филипче, еден од главните проблеми со кои се соочуваат здравствените работници, епидемиолозите, е одбивањето на граѓаните да се анкетираат. „Има една генерална недоверба и со помош на МВР тоа се анулира, но сѐ уште има поединечни примери кога граѓаните не сакаат да соработуваат.“

Министерот апелираше до МВР поинтензивно да се вршат контроли на теренот.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе