Министерство за здравство

Филипче: Двајца нови починати, 16 нови случаи, разрешена директорката на охридската болница

За жал морам да информирам дека во последните 24 часа имаме уште два случаи на починати пациенти од коронавирусот. Денеска имаме нови 16 заболени со коронавирусот, изјави пред малку министерот за здравство Венко Филипче.

Починати се еден пациент на 91-годишна возраст и еден на 31-годишна возраст кој имал многу лоша клиничка слика.

Вкупниот број на дијагностицирани пациенти е 257, На Инфективната клиника се примени тројца нови пациенти и сега таму има 49, од кои седуумина се со потешка клиничка слика, а ниту еден пациент не е на респираторна машина, Стабилна е клиничката слика на сите други заразени. Двајца од пациентите на клиниката во Скопје и на вториот тест имаат негативна слика, а во наредниве 2-3 дена може 7 пацинети да бидат пуштени дома, информира Филипче.

Во врска со починатата пациентка од Струга, разрешена е директорката на охридската боилница, а во тек е увидот на санитарниот инспекторат, а согласно информациите за овој случај и натаму ќе се постапува. Покрената е и постапка во јавното обвинителство.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе