Комисија за заразни болести

Фајзер и Модерна од денеска се даваат како четврта доза вакцина без закажување

Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со МРНА вакцина на Фајзер или Модерна, а препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза, е најмалку четири месеци, соопшти Комисијата за заразни болести. 

Комисијата за заразни болести денеска ги разгледала заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против ковид-19 и препорача дека можат да ја примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против ковид-19.

„Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување. Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци“, соопшти Комисијата.

Вакцинацијата со четврта доза посебно им ја препорачува на хронично болните, пациентите на дијализа, на трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

„Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот ковид-19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови, со цел да стекнат дополнителен имунитет“, се вели во соопштението од Комисијата за заразни болести.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе