По Скопје

Евакуација на ученици во Крива Паланка, и таму пријава за бомба

Денеска во Општина Крива Паланка целосно се евакуирани објектите на основно училиште од градот по претходно добиена пријава за бомба. Од Секторот за внатрешни работи Куманово ја потврдија информацијата. Изутринава лажни пријави за бомби имаше и во три скопски училишта. 

„Денеска, 2 декември 2022, околу 11 часот во СВР Куманово, полициска станица Крива Паланка, било пријавено дека на електронската адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе