ЕУ ни донираше опрема за за унапредување на достапноста и пристапот кон вакцините против ковид-19

Министерот за здравство Беким Сали и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир денеска присуствуваа на примопредавање на опрема набавена преку европскиот гранд ЕУ4хелт.  Mинистерот рече дека Македонија располага со 350 илади дози вакцина, но дека е мал интересот на населението за вакцинација. Рокот на вакцините истекува во декември.

Опремата е наменета за унапредување на достапноста и пристапот кон вакцините против ковид-19 во вакциналните пунктови низ државата. Преку добиената помош од ЕУ, државата во текот на целиот период од здравствената криза се увери дека ЕУ континуирано ја споделува грижата и помошта со нашата земја, изјави Сали.

Како што информираше министерот, опремата содржи четири возила со товарен дел, со ладење за транспорт и испорака на вакцини во вредност од шест милиони денари. Набавени се вкупно 35 биомедицински набавувачи со ултра ниска температура на ладење од минус десет до минус шеесет степени Целзиусови, во вредност од десет милиони денари.

Министерот најави дека во процедура за набавка е и дополнителна опрема што ќе биде обезбедена до крајот на оваа година, со средства од истиот гранд.

„Станува збор за уште едно возило со товарен дел со ладење за транспорт и испорака на вакцини, 15 биомедицински замрзнувачи со капацитет од 1.000 до 1500 литри, со температура на ладење од -20 до -80 степени Целзиусови, 50 преносни компјутер, над 200 подвижни сепаратори паравани, осум преносни фрижидери за вакцини со температура на ладење од минимум -60 до -80 степени Целзиусови“, појасни Сали.

Тој додаде дека со оваа опрема дополнително се зајакнува системот за имунизација и се подобрува квалитетот и безбедноста, што е од голема важност за Министерството.

„За потсетување ковид-вакцинацијата во Скопје се изведува во вакциналните пунктови во поликлиниките „Јане Сандански" и Чаир во прва смена од 08:00 до 14:00 часот. Исто така и во поликлиниката „Букурешт", каде граѓаните имаат можност да се вакцинираат во времетраење од 14:00 до 19:00 часот“, посочи Сали.

Во моментов здравствениот систем располага со 350.000 вакцини, со важност до крајот на оваа година.

„Наша обврска како Министерство за здравство е во континуитет да обезбедуваме вакцини од светски реномирани производители, коишто задолжително исполнуваат строги критериуми за квалитет потврдени и регистрирани во МАЛМЕД. За нив е обезбедена потврда за квалитет од страна на референтна лабораторија за контрола на квалитетот“, рече Сали.

Евроамбасадорот Гир изјави дека пандемијата на ковид-19 имаше големо влијание врз цела Европа и заедно со министерот Сали ја искористија приликата да се заблагодарат на здравствените работници кои неуморно работеа за време на пандемијата на коронавирусот.

„Европската Унија беше покрај вас во текот на целиот овој процес во обезбедување на повеќе од 241 милион евра во итна медицинска помош за справување со ковид-19. Од медицинска страна, исто така вклучува испорака на опрема што живот значи, вклучително и 25 механички вентилатори, 35 комплети на медицинска опрема и над два милиони лична медицинска заштита. ЕУ има испорачано стотици илјади вакцини, а денес Северна Македонија прима опрема за транспорт и складирање на самите вакцини“, рече Гир.

Министерот Сали и евроамбасадорот Гир ја искористија можноста да апелираат до граѓаните да се имунизираат против коронавирусот.

Во одговор на новинарско прашање, Сали посочи дека бројот на нововакцинирани лица, односно лица кои вторпат или третпат се вакцинираат на дневно ниво против ковид -19 е околу 1.000.

„Опаднат е интересот, поради намалениот број на новозаболени. Морам да напоменам и дека тие 350.000 вакцини со кои располагаме се донација од пријателски земји, 250.000 се од Италија и 100.000 се донација од Хрватска“, вели Сали и додаде дека во моментов располагаат со доволно вакцини, но и дека државата има обврска да обезбеди вакцини за сите фази со кои евентуално можат да се соочат.

Информираше дека и поради есенскиот период навремено се снабдени и со вакцини против сезонскиот грип, но и за вакцина против коронавирусот.

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе