Предлог за намалување на цената на електричната енергија

ЕСМ, МЕПСО и ЕВН да се договорат домаќинствата да имаат 24 часа евтина тарифа за струјата

За време додека ќе трае вонредната состојба, поради коронавирусот, добар и хуман гест е на граѓаните да им се овозможи електрична енергија по ефтина тарифа во текот на 24 часа. На ова во последно време апелираат повеќе граѓани, а овој апел од стручен аспект го образложува професорот Имер Зенку, експерт по Енергетска економија на Тетовскиот универзитет.

Занку смета дека една ваква одлука ќе биде од голема помош за семејствата без финансиски приходи, со минимални приходи и за оние со средни приходи.

„Мојот предлог е да се утврди задоволителна количина на електрична енергија која ќе се троши за време на скапата тарифа, а да се пресметува (плати) по ефтина тарифа. Ова ќе биде добредојдена и многу корисна мерка за овие категории на домаќинства и во исто време и реална можност за производство на оваа количина на енергија од страна на компанијата за производство, но исто така и заштита на системот за пренос и дистрибуција од преоптоварување.

Ова може да се постигне преку договор на трите енергетски компании во земјата, за производство ЕСМ, пренос МЕПСО и дистрибуција ЕВН, во соработка со Владата на РСМ. На крајот на краиштата, морална и човечка обврска е на сите, а особено на Владата, да се помогне граѓанинот.

Сите оние кои ќе трошат електрична енергија над утврдената количина, се смета дека припаѓаат на еден побогат слој и таа енергија природно дека ќе треба да ја платат по скапа тарифа“, вели професорото Имер Зенку.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе