Министерство за здравство

Есенскиот бран прерано ги наполни болниците и лабораториите

По болниците во Македонија во моментов се лекуваат 595 пациенти заразени од коронавирусот. Есенскиот бран на новозаразени ги оптерети државните болници и лабораториите. Министерот за здравство Венко Филипче убедува дека од понеделник ќе се пуштат повеќе термини за тестирање.

„Ќе обезбедиме дополнителен број на термини преку системот Мој термин, тоа е нешто што сега се работи за време на викендов и се обидуваме на што побрз начин да стигнеме до брзите тестови. Еден дел од постапката е веќе завршена, сега следува втората фаза така што верувам дека тоа значајно ќе го олесни пристапот до тестовите“, изјави вчера Филипче.

Тројца здравствени работници од Клиниката за гинекологија имаат ковид-19 и во моментот се на домашно лекување. Двајца лекари и 6 сестри од струмичката болница кои имаа позитивни тестови се опоравуваат и наскоро треба да се вратат на работните места.

Филипче рече дека насекаде во Европа се праќаат пациенти од една во друга држава. И Македонија се спрема за такво сценарио, но Филипче се надева дека до тоа нема да дојде.

„Доколку дојде ситуација да е потребно да се ангажира уште поголем број на медицински лица, апсолутно дека ќе се пренаменат и другите болнички капацитети од интернистички одделенија.  Во болниците Битола, Прилеп и Охрид веќе се сместуваат пациенти на интернистички одделенија. Можно е да се соочиме со ситуација кога и друг кадар ќе работи само со пациенти со ковид-19. Можно е да има период кога целокупниот останат програм ќе да се намали со цел целиот кадар да се посвети на лекување на пациентите со ковид-19.  Насекаде во Европа дури и разменуваат и праќаат пациенти од една во друга држава. Се надевам дека нема да се случи такво сценарио, но и за такви моменти се спремаме“, рече Филипче.

Македонија веќе неколку дена по ред бележи нови рекорди во статистиките за епидемијата.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 26.394, бројката на оздравени пациенти е 18.430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7.067.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.

Во последните 7 дена, според статистиката на Министерството за здравство, починати се 73 лица. Најголем дел од нив, починати се во болница.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе