Екстерните испити на државната матура годинава се со средна оценка од 3,78

Државниот испитен центар денеска ги објавува прелиминарните резултати од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок, а истите веќе се испратени до училиштата, додека секој кандидат може да ги види своите резултати со најава на веб страницата на Центарот.

Како што објави Државниот испитен центар државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми. Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61.

Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули, а увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по претходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година.

За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на страницата на МОН

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе