Ангажман на доброволна основа

ЕДУИНО амбасадори: Иницијатива за поддршка и афирмација на наставници

Иницијативата ЕДУИНО-амбасадори претставува значајна афирмација за наставниците кои со голема желба, посветеност и труд, доброволно се вложија и придонесоа за креирање на богата ризница од дигитални содржини – видеолекции за деца од сите возрасти. Проектот е на Бирото за развој на образование и е поддржан од УНИЦЕФ и Велика Британија, а го спроведува невладината СтартАп. Десетте нови ЕДУИНО амбасадори се: Елизабета Теодосиевска, Кадрије Арифи, Билјана Арсовска, Нусрет Хазири, Емилија Стојановска, Гонџе Ејуби, Наташа Тодоровска, Виолета Поповска, Соња Апостоловска Трајковска и Марина Станиславова.

ЕДУИНО ја зголеми својата заедница на амбасадори - првата инцијатива за афирмација на најпосветените наставници кои учествуваа во развојот на Едуино платформата во нашата земја, информира невладината Смарт АП (SmartUp) - лабараторија за социјални иновации и проектот ЕДУИНО.

Концептот ЕДУИНО амбасадори подразбира креирање група од најпосветени наставници кои се препознаени на национално ниво, како пример за наставник кој придонесува во развој и ко-креирање на дигитални образовни ресурси. ЕДУИНО, платформата цели кон подобрување на образованието преку поттикнување на иновативноста и ко-креирањето, како и создавање на ЕДУИНО заедница која ќе придонесе кон колаборативно креирање ресурси и засилување на вештините кај наставниот кадар. ЕДУИНО е предводен и е во сопственост на Биротото за развој на образованието (БРО), а како партнери во проектот се Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНИЦЕФ.

„ЕДУИНО амбасадори иницијативата започна по само една година од постоење на ЕДУИНО, поточно во март 2021 кога за првпат им оддаваме јавно признание на најпосветените наставници, првите 23 ЕДУИНО Амбасадори. Нивната радост ни даде уште поголем поттик да продолжииме во нашата мисија. Затоа на 5 октомври, Интернационалниот ден на наставникот, кој за нас претставува движечка сила на образованието, а со тоа и на општеството, им искажуваме неизмерна благодарност на новата група од 10 ЕДУИНО амбасадори за сиот труд, посветено време и пренесено знаење во создавањето видеолекции за предучилишно, основно и средно образование", велат од тимот на ЕДУИНО.

Оваа иницијатива беше позадравена преку пораката од директорот на Бирото за развој на образованието, Зеќирија Хасипи и преку обраќањето на Боре Пуцоски, офицер на образование во УНИЦЕФ. Искажувањето на оваа јавна афирмација кон трудот на ЕДУИНО амбасадорите е од огромна важност затоа што тие работат врз база на волонтерски придонес кој безрезервно треба да се признае како пример за вистинската улога на наставникот.

Денес ЕДУИНО заедницата брои повеќе од 25.000 едукатори и 33 ЕДУИНО Амбасадори, кои допринеле во креирање на повеќе од 4.800 видеолекции, за предучилишно, основно и средно образование. Со тоа, оваа заедница придонесува да се создаде национална дигитална библиотека со непроценлива вредност за учениците и за идните генерации.

Десетте нови ЕДУИНО амбасадори кои се придружија во големата заедница се: Елизабета Теодосиевска, Кадрије Арифи, Билјана Арсовска, Нусрет Хазири, Емилија Стојановска, Гонџе Ејуби, Наташа Тодоровска, Виолета Поповска, Соња Апостоловска Трајковска и Марина Станиславова.

ЕДУИНО амбасадорите и нивните интервјуа се на следниот линк.

Проектот ЕДУИНО како и иницијативата ЕДУИНО амбасадори од своите почетоци се поддржани од страна на УНИЦЕФ, а се поддржани и од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје. Проектот го спроведува невладината организација СмартАп, а техничката подготовка и оддржување на колективниот портал ја спроведуваат SyNRG Software & IT Solutions

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе