Една родилка позитивна на коронавирусoт

Дваесет и седумгодишна пациентка од Куманово, која вчера се породила на скопската Клиника за гинекологија е позитивна на коронавирусот, потврди за „Фокус“, директорката Викторија Јовановска.

„Пациентката е синоќа предвреме породена во осми месец и сега чекаме да биде префрлена на Клиника за инфективни болести. Таа само поткашлуваше. Бебето е на интензивна нега и е стабилно. Има уште една пациентка од Охрид, но таа се уште е во сала и нема клиничка слика на Ковид-19. Таа е донесена со мртво бебе“ изјави Јовановска.

Според неа, за пациентката од Куманово се запазени сите протоколи и е спроведена  преку посебен влез, односно изолирана е од другите пациентки. Приземјето е направено како карантинско одделение со посебен персонал, каде се носат сомнителните случаи на корона вирус.

 

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе