Извештај на Институт за јавно здравје

Едно лице три пати го прележало ковид-19, а по втор пат се заразиле 522 граѓани

Според неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од почетокот на пандемијата во земјава едно лице по третпат се заразило од ковид-19, а вкупно се регистрирани 522 реинфекции. Во текот на минатата недела биле пријавени 23 реинфекции. Според Извештајот регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. 

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=143; 4,3%).

Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.595 (47,8%) лица од машки и 1.745 (52,2%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени" се стекнале 3.441 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 12,8% во споредба со минатата недела.

„Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=5.265) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.210,5/100.000 жители. Регистрирани се 3.908 смртни случаи кај лица од машки и 2.564 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.783 (73,9% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.869), дијабет (n=1.610) и белодробна болест (n=718). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 390 (6,0%) починале во вонболнички услови, а 6.082 (94,0%) починале во хоспитални услови“, велат од Институтот за јавно здравје. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе