Епидемиолошка состојба

Двајца починати 56 нови заразени со коронавирусот

Во последните 24 часа од направени 529 тестови регистрирани се 56 нови случаи на заразени со коронавирус. Од нив 36 се во Скопје, Прилеп и Охрид тројца, двајца се во Битола и по еден регистриран заразен има во Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод

 

Од вкупниот број на позитивни (56), регистрирани се 9 реинфекции. Регистрирани сe 69 оздравени пациенти најмногу во Скопје 51, Куманово и Прилеп четворица, Штип и Тетово двајца а во Велес, Кратово и Крива паланка е регистириран по еден оздравен пациент.

Согласно, Регистарот на починати од Мој Термин, регистрирани се двајца починати пацинети, од Кавадарци (76) и Скопје (85). И двајцата се починати во домашни услови.

Направени се 529 тестови: ИЈЗ-61, ЦЈЗ Скопје-78, ЦЈЗ Битола-6, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-27, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-11, Биотек-9, Систина-6, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-8, Плодност-0, Генеа-2, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-7, Ели Медика Плус-0, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 256.

Досега во земјата се направени вкупно 2.173.215 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.319, бројот на оздравени пациенти е 333.343, на починати е 9.544 а бројот на активни случаи изнесува 432.

 

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе