„Девојката беше донесена вчера, во многу тешка состојба со ниска сатурација, веднаш беше хоспитализирана во ковид-центарот во посебна соба за суспектни пациенти. Веднаш и беше дадена адекватна терапија и беа преземени реанимациони мерки, но за жал неколку часа по приемот, пациентката почина. Беше донесена како сомнителна со клиничка слика и манифестација на ковид-инфекција, но не беше тестирана и кај нас почина пред да биде земен брис“, вели во изјавата д-р. Гагачовска.
Британскиот сој на ковид-19 ги преполни болниците и тоа, како што велат лекарите и со млади пациенти со тешка клиничка слика. Апелите се да се почитуваат мерките и да се следат укажувањата на надлежните.