Анкета

Дали би се вакцинирале против ковид-19?

Бројот на заболени во земјава од ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против ковид-19. Министерот за здравство вчера изјави дека нашата држава се подготвува за вакцината.

Фото: ЕПА

Речиси 10 месеци живееме во пандемија од оваа заразна болест што на сите помалку или повеќе ни ги промени животите и начинот на вршење на дневните активности и работни задачи. Бидејќи сме далеку од посакуваниот имунитет на стадо, единствениот спас се чини дека е вакцинацијата.

Министерот Филипче веќе нагласи дека оваа вакцинација ќе биде една од најголемите логистички операции што ќе треба да ја спроведе здравствениот систем, дека треба да се примат вакцините, соодветно да се чуваат, да се транспортираат, дистрибуираат до местото на вакцинација и дека тие веќе сериозно работат на тоа поле.

Препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни, сите критични групи...

И другите држави се подготовуваат за вакцинирање. Велика Британија е првата во светот што ја одобри вакцината на Фајзер и Бајонтек против ковид-19 и веќе од следната недела почнува со вакцинирање, а британскиот премиер Борис Џонсон дури најави дека би можел да се вакцинира пред ТВ-камери, за да покаже дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди од следната недела да почне масовно вакцинирање во земјата.

Според анкетите, над 50 проценти од 83 милиони Германци се подготвени да се вакцинираат против ковид-19. Вакцината во Германија нема да биде задолжителна.

Не е задолжително вакцинирањето ниту кај нас.

Дали би се вакцинирале против ковид-19?

Да
49% (809 гласови)
Не
41% (680 гласови)
Не знам
10% (169 гласови)
Вкупно гласови: 1658

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе