Се шират антиковид мерките во образованието

Царовска: Нема екскурзии, наставниците ќе можат од дома да предаваат

Оваа учебна година нема да се организираат училишни екскурзии, а поради пандемијата и нерационалното трошење средства за загревање на училниците, можно е и наставниците да почнат својата настава да ја изведуваат онлајн од дома, најави министерката за образование Мила Царовска.

„Годинава не може да се организраат училишни екскурзии, а за тоа се упатени упатства од Бирото за развој на образование. Може евентуално да се организира прошетка заедно со наставниците до локација најдалеку од пет километри, заради социјализација“, им одговори министерката Царовска на новинарите во Кочани.

Таа ги повика директорите на училиштата што се одговорни за организација на екскурзиите со родителите да најдат заеднички јазик на кој начин да се вратат парите што биле дадени минатата година.

На новинарско прашање за затоплувањето на училиштата, министерката Царовска рече дека тоа е еден дел од обезбедувањето услови во училница за да се одржи настава и тоа, како што рече, е обврска, но и најави можност наставниците да продолжат со наставата од дома.

„Со рационализација на средствата можеме да обезбедиме повеќе инвестиции во инфраструктура и во информатичката опрема, наместо да се трошат пари за загревање на цела училница во која е присутен само еден наставник". За ова прашање сме во процес на дискутирање. Важно беше наставата да почне од училница, да ги видиме наставниците на своите работни места заради тоа што минатата година имаше многу дилеми во јавноста дека наставниците не одат на работа, земаат цела плата, не се држи настава. Но, наставниците држат настава, ја држат од училница", рече Царовска.

Ваква, одлука како што рече, се носи заеднички со градоначалниците, а ќе се остави на ниво на колектив да се одлучи на кој начин понатаму, согласно грејната сезона, ќе се одвива наставата во училиштето.

Прашана за барањето на родителите од Македонска Каменица за присуство на учениците во училиштата, Царовска рече дека бојкотот на наставата е само неконструктивен начин на искажување незадоволство од пандемијата.

„Во моментот кога бојкотираме настава само учениците губат од часовите, додека наша обврска како Влада, секако и обврска на општините, е да го штитат здравјето на граѓаните. Здравјето не е флоскула, здравјето на граѓаните се живот на нашите баби, дедовци, мајки, тактовци заради тоа што младите може да пренесат. И ако одлучила Комисијата за заразни болести дека навистина на овој начин е најдобро за заштита на здравјето јас ги повикувам сите ученици и сите наставници да се придружат на овој начин на изведување на настава согласно препораките на Комисијата за физичко присуство и Комисијата за заразни болести", рече Царовска.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе