Бухова: Конфекциите во Штип каде што има заразени не работат, туку се врши тестирање

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова на прес-конференција соопшти дека Инспекторатот будно ги следи кластерите со заразени во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово, како и дека се извршени 100 тестирања, а во тек се 485 во веќе споменатите правни субјекти.

„Осум решенија издадени на лица по основ позитивни на коронавирус за домашно лекување и самоизолација и 54 решенија за здравствен надзор во Тетово. До овој момент има 70 тестирања од планираните 150. Овие бројки се однесуваат само на позитивните и контактите кои се изолирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во оваа бројка не се кластери од фамилии и други позитивни лица“, рече Бухова.

Таа најостро ја демантираше информацијата којашто кружи дека конфекциите во Штип каде што има заразени сѐ уште работат.

„Таму се присутни инспектори од ДЗСИ. Во просториите на овие конфекции се врши тестирање, се земаат брисеви на вработени и присуството е на таа основа. Апелирам до лицата исклучително да се придржуваат кон препоркаите и да не ги напуштаат домовите и и го повикувам МВР да ги контролира“, рече Бухова.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе