Јубилеј на Американ колеџ

Бојаџиев: 15 години култура на извонредност

По повод јубилејот 15 години од постоењето на Универзитеот Американ колеџ Скопје, ректорот Марјан Бојаџиев вели дека приказната за еден ваков универзитет почнала уште во 1981 година, кога Скопје беше меѓународен универзитетски центар. Таа мисла нѐ водеше и во 2005 година идејата од Скопје да направиме меѓународен универзитетски центар и желбата од Скопје да направиме мост меѓу народите, вели Бојаџиев.

Тој вели дека тогаш очекувањата биле Македонија да влезе во НАТО во 2008 година, а во ЕУ во 2012. Со тоа, сметавме дека Скопје ќе биде атрактивна дестинација. Барањето  до Одборот за акредитација беше поднесено во мај 2005 година, а со настава се почна веќе на 5 октомври истата година.

„УАКС почна како Факултет за деловна економија и организациски науки, а веќе следната 2006 година стана Универзитет сo шест факултети. Како успевавме да привлечеме студенти? Веројатно со искрена, чесна и напорна работа. Нашата мисија беше и остана да го комбинираме најдоброто од европскиот и американскиот образовен систем. Наша мисија беше и остана да обезбедиме врвно образование по пристапна цена. И во тоа успеавме од почетокот.

Структурата на нашиот наставен кадар е од почетокот иста: 1/3 вработени професори, но сите со значајно професионално искуство, 1/3 професори од праксата, кои се врвни стручњаци и на крајот, последниот сегмент се визитинг професори од странство.

Мислам дека тој квалитет, таа интелектуална свежина во Македонија може да се најде единствено на УАКС“.

 

Тој вели дека од основањето до сега најголем предизви е корона кризата.

„Мислам дека и во оваа ситуација покажавме колку е УАКС голем. Во март за краток период се престроивме и овозможивме онлајн настава со користење на  најсовремени платформи. Оваа школска година ја почнавме со уште подобра опрема која овозможува хибридна настава со која дел од студентите се во предавална, а дел во своите домови. Синхроната хибридна настава се покажа како одличен метод“.

Бојаџиев не заборава да ги спомене и меѓународните акредитации: Американската акредитација од 2010 година, ACCA акредитацијата за сметководство и ревизија во 2017 година, Договор за двојна диплома со Универзитетот Тор Вергата од Рим, рангиран во Топ 50 помлади од 50 години универзитети во светот во 2017 година.

„Но, она што нѐ прави посебно горди се успесите на нашите поранешни студенти – денес тие се веќе раководители во фирми, архитекти и дизајнери, нотари, дипломати, инженери, програмери  и професори. И тоа не само во државата, наши поранешни студенти се денес распослани од Јужна Африка до Балтикот и Америка.

Постои една цел која не успеавме да ја достигнеме до сега – УАКС да стане меѓународен универзитетски центар. Сите напори во иднината ќе ги насочиме кон целосна интернационализација и обиди да привлечеме што повеќе меѓународни студенти на нашиот универзитет. Што се однесува до образованието и науката генерално сите се сочуваме со нови предизвици поврзани со пандемијата. Најголем дел од универзитетите во светот се префрлија на онлајн настава. Можностите за директен контакт, за настава во предавална, за истражување на терен се апсолутно лимитирани. Но, сепак наоѓаме начин да функционираме. Наоѓаме начин да ја спроведуваме нашата мисија – да предаваме знаење. Или како што вели нашето мото, Ad destinatum peresequor! - До целта ќе истраеме“, изјави Бојаџиев по повод јубилејот на УАКС.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе