Авицена во Тетово врши тестирања за ковид-19 без дозвола

Неодамна пред лабораторијата на Авицена во Тетово се појави рекламен напис дека вршат тестови за ковид-19. На ова веднаш реагираа другите лиценцирани лаборатории кои тврдат дека Авицена нема дозвола за тоа. Ова, индиректно, ни го потврдија од Министерството за здравство.

Во одговорот за МКД.мк Министерството за здравство потврдува дека Комисијата за заразни болести има направено увид и констатирала дека се исполнети условите во лабораторијата во просториите на Авицена во Скопје - Карпош. „Исполнетост на условите се однесува на локацијата во Скопје - Карпош. Во лабораторијата во Тетово, Комисијата нема извршено увид за оваа ПЗУ“, велат од Министерството за здравство.

А.Д.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе