Има институции во светот, посочи таа, кои вложуваат сериозни здравствени и научни напори за да докажат определен ефект на каква било медицинска работа.
„Затоа не бидете плен на лажни информации. Ова се случуваше и за време на пандемијата со ковид-19 истите работи. Родителите не може да знаат се. Затоа постојат овластени научни институции во светот и во државата, ве молам обратете се до нив и послушајте ги нив“, додаде Ди Џовани, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во пресрет на Европската недела за имунизација на која беше соопштено дека неопходно е да се зголеми опфатот со МРП вакцината, а беше и најавено дека Министерството за здравство и УНИЦЕФ почнуваат кампања за да се укаже на ефикасноста на редовните вакцини за деца.
Министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање рече дека досега не е докажана поврзаноста на вакцинирањето и аутизмот.
„Наша обврска е тоа што е научно докажано да го презентираме пред вас. Досегашните наши сознанија и истражувања велат дека вакцините се сигурни и дека треба да се примаат“, посочи Сали.