Нов пакет мерки за заштита од вирусот

Ако не се почитуваат и новите мерки предложени до Владата и расте бројот на заболени со ковид-19, ќе има полициски час, најави Филипче

Кризниот штаб на Владата и предложи пакет мерки кои ќе треба да ги разгледа и да се донесе одлука дали ќе бидат прифатени. Ако и по воведувањето на нови мерки, тие и натаму не се почитуваат и расте бројот на лица заболени со ковид-19, министерот за здравство, Венко Филипче најави дека следен чекор е полициски час.

„Се бележи значителен раст на заболени, а капацитетите во болниците продолжуваат да се полнат. Нема пациенти во модуларната болница, но сепак полни се болниците во Струмица, Куманово, Штип, Прилеп, и отворено е уште едно крило во Битола, а се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар. Ова е последниот чекот пред воведување на полициски час. Вирусот е многу проширен насекаде. Дополнителни таргетирани мерки ќе бидат во ограничувањето на движењето, но во периодот кој што следи ќе се прават анализи и можно е да се воведат само во одредени општини. Мини жаришта сега се Скопје, Штип и Струмица", изјави Филипче.

Тој додаде дека во предложените мерки до Владата предложено е сите економски оператори да работат до 23 часот, да има ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 отсто, дадена е препорака до цела државна и јавна администрација, сите општини, судовите и работниот процес да се одвива во смени, или онлајн или редуцирано.

Филипче очекува дека овие мерки ќе бидат донесени за неколку дена, а бидејќи има законски измени за нив е потребна собраниска процедура и 61 глас „за".
„Закон за заштита на населението од заразни болести, маски на отворено е веќе даден. Таму е вметнато ограничување на групирање по 22 часот и ограничување на семејните прослави. Следен чекот е полициски час. Ова е начинот на кој ќе треба да функционираме периодов. Сите објекти каде што е можно да има групирање сакаме да не функционира, а да имаат финансиска помош од Владата. И до сега имаше многу мерки и препораки и немаше проблем таму каде се почитуваа мерките. Имаше протоколи, но тие не се почитуваа. Сите имаме увид во состојбата и гледаме колку се високи бројките, а и дека се полнат болниците", додаде Филипче.

Да смогнеме сили сите, затоа што ова е начинот, истакна Филипче, посочувајќи дека бројот на заболени се зголемува и во регионот и насекаде во Европа.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе