Општина Охрид

Академик Коцарев добитник на наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид"

Професорот Љупчо Коцарев, доктор на науки, академик и актуелен претседател на Македонската академија на науки и уметности е годинашниот добитник на највисокото општинско признание што го доделува Општина Охрид – наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид".

Тоа денеска го соопшти градоначалникот Кирил Пецаков, кој појасни дека до Комисијата за одбележување празници и манифестации пристигнале шест предлози, од каде со едногласна согласност до него бил доставен предлогот токму академик Коцарев да биде годинашниоит лауреат.

Претседателот на Општинската комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Перчо Божиноски, пак, истакна дека Повелба по повод патрониот празник ќе им биде доделена на активистката за права на лицата со ретки болести Гордана Лолеска, на Еколошкото здружение „Еко Фап" и постхумно на туристичкиот и културен работник, Мишо Јузмески.

Наградите на лауреатите вообичаено им се врачуваат на Свечената академија што Општина Охрид ја организира по повод 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски и патрон на градот.

Наградата Патрон на градот ја доделува Градоначалникот за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во земјава и светот.

Повелбите ги доделува Комисијата за награди за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Северна Македонија и во светот, во период од една година.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе