Според информациите објвени од Министерството за здравство, по бројот на активни случаи по општини најмногу има во Аеродром 788, Карпош со 682 и Гази Баба – 671. Следат Центар – 592, Кисела Вода – 588 и Ѓорче Петров со 388. Над сто активни случаи има и во општините Чаир – 233, Бутел – 227 и Илинден – 101
Во Шуто Оризари се 48, Студеничани – 20, Сарај – 35, Арачиново -9, Сопиште – 40, Чучер Сандево – 24, Петровец –30 и Зелениково -16
Во Скопје досега се регистрирани 13621 случаи на ковид-19, а активни во моментов се 4584.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја, пак, од почетокот на епидемијата изнесува 31.572, бројката на оздравени пациенти е 20.731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9.847.