83 новозаразени со ковид-19, починаа две лица

Од направени 1.430 тестови регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19. Во последните 24 часа нема починати лица, а во регистерот на умрени од Мој термин заведени се две лица кои починале во периодот од 28 април до 12 мај. Едното лице е од Скопје на 74 години, почина дома, а другото е од Струмица на 62 години кое почина во болница. Од почетокот на пандемијата во Македонија, според официјалните податоци, од ковид-19 починале 9.293 луѓе. Официјално, во моментов има 535 заразени лица.

Позитивните тестови на ковид-19 се направени во следните градиви:

Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Прилеп , Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани се 79 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола – 15, Прилеп – 7, Куманово, Кавадарци и Велес – по 3, Охрид, Штип и Гевгелија – по 2, Берово, Ресен, Кичево, Крива Паланка и Богданци – по 1.

Направени се 1.430 тестови преку: ИЈЗ-187, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-45, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-18, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-28, Авицена-28, Биотек-96, Систина-39, лабораторија Лаор-22, Синлаб-12, Ремедика-19, Плодност-21, Генеа-8, Никоб Лаб-92, ВФВ Медикал-13, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 590.

Досега во земјата се направени вкупно 2.039.981 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.942, бројот на оздравени пациенти е 301.114, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 535.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 146.222, Активни 309
Куманово 16.660, Активни 11
Битола 15.561, Активни 63
Прилеп 14.193, Активни 16
Тетово 13.468, Активни 6
Кавадарци 10.671, Активни 17
Велес 9.782, Активни 3
Гостивар 9.603, Активни 10
Охрид 8.886, Активни 21
Струмица 8.071, Активни 2
Штип 8.043, Активни 10
Кичево 5.638, Активни 6
Кочани 5.087, Активни 8
Струга 4.724, Активни 5
Гевгелија 4.417, Активни 4
Неготино 3.687, Активни 4
Ресен 2.743, Активни 14
Свети Николе 2.628, Активни 4
Радовиш 2.530, Активни 1
Крива Паланка 2.415, Активни 1
Делчево 1.983, Активни 3
Дебар 1.675, Активни 1
Берово 1.671, Активни 10
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.393, Активни 0
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 3
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе