Анализа на Министерството за здравство

79 отсто од починатите од ковид-19 во последните 4 месеци не биле вакцинирани

Во период од 6 август до 2 декември на територијата на државата од тестираните позитивни на ковид-19 биле 60.772 граѓани, а од нив 31 отсто, односно 19.025 лица биле целосно вакцинирани, информира Министерството за здравство. 

Според статистиката за овој период, 69 отсто од позитивните на ковид-19 или 41.747, граѓани не биле вакцинирани. За вакцинирани, како што потсетуваат од Министерството за здравство, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до вчера од вкупниот број починати со ковид-19, 79 отсто биле невакцинирани, а 21 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. 

Од Министерството исто така напоменуваат дека секоја вакцина која ја има на располагање е безбедна, и истовремено апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКов2. 

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе