75 новозаразени од ковид-19 од 1.112 тестирања, пријавено едно починато лице

Од направени 1.112 тестови во изминатите 24 часа регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 од кои 12 се реинфекции. Регистрирани се 88 оздравени пациенти, а нема починати лица. Дополнително е пријавено едно лице кое починало во претходен период. Активни случаи нема во 11 градови.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 52, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, а во Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево по 1.

Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од кои од Скопје – 71, Битола – 12, Прилеп – 3 и од Тетово и Гевгелија по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86г), починато во болнички услови на датум 31.05.2022 година.

Направените 1.112 тестови се преку: ИЈЗ-156, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-10, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-28, Биотек-26, Систина-21, лабораторија Лаор-13, Синлаб-29, Ремедика - 9, Плодност-17, Генеа-6, Никоб Лаб-49, ВФВ Медикал-7, Ели МедикаПлус-17, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 528.

Досега во земјата се направени вкупно 2.057.173 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 147.023, Активни 331

Куманово 16.674, Активни 5

Битола 15.670, Активни 44

Прилеп 14.215, Активни 7

Тетово 13.481, Активни 6

Кавадарци 10.687, Активни 6

Велес 9.797, Активни 10

Гостивар 9.608, Активни 4

Охрид 8.930, Активни 30

Струмица 8.073, Активни 1

Штип 8.073, Активни 18

Кичево 5.651, Активни 3

Кочани 5.095, Активни 5

Струга 4.728, Активни 1

Гевгелија 4.422, Активни 1

Неготино 3.695, Активни 8

Ресен 2.751, Активни 2

Свети Николе 2.634, Активни 3

Радовиш 2.531, Активни 0

Крива Паланка 2.418, Активни 1

Делчево 1.986, Активни 1

Берово 1.689, Активни 10

Дебар 1.677, Активни 1

Валандово 1.488, Активни 0

Виница 1.393, Активни 1

Пробиштип 1.267, Активни 0

Богданци 1.021, Активни 0

Кратово 966, Активни 0

Крушево 930, Активни 1

Демир Хисар 835, Активни 0

Македонски Брод 738, Активни 0

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0

 

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе