480.000 евра за енергетски ефикасна фасада на гостиварската болница

остиварската болница „Ферид Мурад“ во иднина ќе штеди на енергија за затоплување и ќе биде енергетски поефикасна, откако со половина милион евра беше направена реконструкција на надворешноста на објектот. Ова го констатира, претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски, кој денес беше во посета придружуван од вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за здравство Беким Сали.

По обиколката и увидот на завршените работи, кои започнаа пред една година, премиерот во обраќањето напомена дека работите завршиле во предвидениот рок исто како и повеќето проекти кои се опфатени од ТАВ програмата.

„Гостиварската болница доби околу 8.000 квадратни метри, целосно нова енергетски ефикасна фасада и целосно нови ПВЦ прозорци и врати. Ова е значајно во време на енергетска криза, кога е потребно да заштеди што е можно повеќе“, рече Ковачевски.

Тој напомена дека државата ќе посвети внимание на сите граѓани, и како што напомена, никој нема да биде изоставен и да биде загрижен дали да избира помеѓу храна и греење во време на криза.

„Проектите како овој, овозможуваат енергетска ефикасност и се исклучително важни во вакви времиња. Ова е одличен пример за паметно искористување на државни средства за потребите на граѓаните и носат придобивки на повеќе нивоа и ќе придонесе за заштеда на електрична енергија“, подвлече Ковачевски.

Првиот човек на авиокомпанијата ТАВ, Метин Батак напомена дека реконструкцијата на фасадата на болницата е еден 94 објекти од владините проекти кои се финансирани ТАВ Македонија.

„Навистина веруваме дека оваа инвестиција во вредност од 481 илјада евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на јавните здравствени услуги на граѓаните на Гостивар. Нашата основна дејност, а тоа е аеродромското работење, финансирајќи ги овие инфраструктурни проекти заедно со Владата и со локалните власти можеме да додадеме вредност за доброто на македонските граѓани“, рече генералниот директор Батак.

Зборувајќи за актуелниот момент, премиерот Ковачевски напомена дека Владата се погрижила да обезбеди струја и таа да е субвенционирана за 611.000 македонски домаќинства во земјава и за 72.000 мали потрошувачи, фирми кои вработуваат 98 отсто од работниците во државата. За таа намена, додаде тој,  државата одвои над 220 милиони евра.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе