Министерство за здравство

46 нови случаи на заразени од коронавирусот, вкупно во Македонија 663

Во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1, соопшти Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Македонија изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 273, Куманово - 143, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп –46, Тетово – 30, Струга – 30, Велес – 18, Битола –8, Охрид –3, Кавадарци - 3, Гостивар –4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш - 4, Крушево – 3, Кочани – 19 и Пробиштип - 1.

 

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571  тестирања на ковид-19. 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе