Министерство за здравство

365 нови случаи на ковид-19, 23 починати

Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19, регистрирани се 551 оздравен пациент и 23 починати лица.

Во Скопје новозаразени има 183, Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес –  по 13, Битола и Кавадарци – по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Оздравени има 212 во Скопје – 212, 53 во Тетово, Куманово и Гостивар – по 46, Кичево – 38, Струга – 25, Охрид – 19, Битола – 13, Прилеп и Кавадарци – по 12,Струмица, Штип и Свети Николе – по 9, Кочани – 8, Велес, Ресен и Дебар – по 5, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Гевгелија и Богданци – по 1.

Од починатите 8 се од Скопје, 3 починати лица од Велес, по 2 починати лица од Куманово и Кавадарци, по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Штип, Струга, Свети Николе и Радовиш.

Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.252.094 тестирање на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914 бројката на оздравени пациенти е 167.402, на починати е 6.460, а бројот на активни случаи изнесува 13.052, соопшти Министерството за здравство.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе