35,9 проценти од ковид - пацинетите беa третирани со хемофилтрација, соопшти „Клиника Жан Митрев“

Податоците кои продолжуваме да ги објавуваме се стручно обработени од тимот на Клиниката Жан Митрев и се доставени до Институт за јавно здравје и до сите надлежни тела, велат од приватната клиника и додаваат дека во периодот од јуни 2020 до февруари 2022 се лекувани вкупно 1.738 пациенти од ковид-19. Од овие, 625 пациенти или 35,9% беа третирани со ЦРРТ-хемофилтрација со Огзирис филтер, а методот е искористен само кај оние пациенти чија клиничка слика се вклопуваше во индикационото подрачје за употреба на Огзирис филтерот, нагласува клиниката.

Притоа, се додава дека методот е користен според препораките од самиот производител Бакстер и одобрен од страна на ФДА (Федерална агенција за храна и лекови на САД).

Во соопштението понатаму се додава:

„Од овие пациенти, 599 или 95,8% беа во тешка и критична состојба, 140 (22,4%) во критична состојба и 459 (77,6%) во тешка состојба согласно параметрите за дефинирање на тежина на клиничка слика пропишани од Светска здравствена организација. Од вкупно третираните пациенти за ковид-19, 400 пациенти или 64% имале сатурација под 80%, 139 пациенти (22,2%) биле со сатурација под 70% на прием, а најниска измерена сатурација при прием е 37.

Рентген наод во стадиум 3 имале 315 (50,4%) од примените пациенти, што покажува тешка форма на АРДС, додека 264 (42,2%) беа во стадиум 2 (веќе развиен АРДС), 40 (6,4%) со РТГ наод за пневмонија- стадиум 1.

Дури 544 пациенти или 87,04% биле со високи вредности на ЦРП над 50, а 408 од нив имале ЦРП и над 100, 408 пациенти (65,3%) биле со високи Д-димери, од кои 87 (13,9%) биле со енормно високи над 10 000, а 441 (70,6%) биле со високи вредности на феритинот.

После направената хемофилтрација (ЦРРТ) кај 353 пациенти (56,5%) е намалена вредноста на ИЛ6 (интерлеукин 6), а кај 142 (22,7%) се нормализирани вредностите на ИЛ6, што укажува на подобрување на состојбата кај пациентите.

Пред да се вклучат на хемофилтрација (ЦРРТ) кај пациентите е констатирано влошување на клиничката слика што се гледа од фактот дека при вклучување на ЦРРТ 428 (74.9%) од пациентите биле со РТГ снимка во стадиум 3 т.е. тешка форма на АРДС, 264 (42.2%) со РТГ наод во стадиум 2 – развиен АРДС и само 7 биле во стадиум 1 со развиена пнеумонија. Притоа, последните имале високи инфламаторни маркери (ЦРП и ИЛ6), 483 (77,3%) биле со високи ИЛ6, а 191 (14,6%) биле со цитокинска бура при прием и 123 (19,7%), ја развиле во тек на хоспитализацијата.

Од лекуваните пациенти потреба од третман со неинвазивна вентилација имало кај 502 (80,3%), а 338 (54.08%) биле интубирани и поставени на механичка вентилација.

Од пациентите кои се третирале од ковид-19 во Клиника Жан Митрев, 294 пациенти или 47% претходно биле хоспитализирани во други болнички установи.

Напоменуваме дека, во ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев не се вршени никакви експерименти со примена на хемофилтрацијата. Напротив, станува збор за стара метода и медицинско средство чија примена за лекување кај пациенти со ковид – 19 се практикуваше во САД, Канада, Германија, Швајцарија, Шпанија, Италија, Хрватска и други земји, а први ја употребиле лекарите во Кина при првиот бран на пандемијата во Вухан“.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе