Министерство за здравство

35-годишниот пациент кој вчера почина од ковид-19 на Инфективната клиника немал никакви претходни заболувања

Триесет и петгодишниот пациент кој вчера почина на Инфективната клиника во Скопје и кој беше позитивен на ковид-19 немал никакви претходни заболувања, потврдија од Министерството за здравство за МКД.мк. 

Од таму дополнуваат дека пациентот бил болен една недела со покачена температура, малаксаност и главоболка.

„Лекуван е од страна на матичниот лекар и на 26 октомври е примен на Инфективната клиника каде по кратко време настанало нагло влошување на состојбата. Немал други болести", велат од Министерството за здравство.

Пациентот кој се лекувал од ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје вчера се најде во листата на починати лица и беше најмладиот починат пациент.

Пред неколку дена од ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје на возраст од 41 година почина Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес.

Според статистиката на Министерството за здравство, во земјава од до сега регистрираните смртни случаи најголем дел се на возраст над 60 години. Речиси 75 отсто од починатите имале коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест. Досегашните искуства кај лекарите во државава, но и во светски рамки покажале дека најголем дел од компликациите се јавуваат кај повозрасни пациенти и кај пациенти кои покрај тоа што се позитивни на ковид-19 имаат и претходни заболувања.

Најчесто тоа се срцеви заболувања, дијабет, бубрежни заболувања, карциноми, респираторни заболувања или се во некоја терминална фаза на болест. Сето ова има удел во финалниот исход од лекувањето, велат од Министерството за здравство.

Според последната статистика на Министерството за здравство, бројот на починати лица кои влегоа во статистиката на ковид-19 е 977.

К.Д.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе