Епидемиолошка состојба

319 новозаразени со ковид-19, оздравени 288, две лица починаа од болеста

Во псоледните 24 часа, според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 319 нови случаи на ковид-19 од направени 2.250 тгестови, од нив 54 лица по вторпат се заразиле со вирусот. Како оздравени се запишани 288 лица. Две лица починале како последица од компликации од болеста. Од почетокот на пандемијата во Скопје се регистрирани над 140 илјади случаи на ковид-19, во земјата над 300 илјади случаи, а болеста не успеале да ја победат 9.164 лица.

Новите случаи на ковид-19 со тестирање се потврдени во следните градови:

Скопје – 162, Битола – 23, Прилеп – 21, Кавадарци – 20, Куманово – 16, Охрид и Гевгелија – по 10, Кичево и Ресен – по 7, Тетово – 6, Велес, Струмица, Кочани, Радовиш и Богданци – по 4, Гостивар и Свети Николе – по 3, Делчево и Валандово – по 2, Штип, Неготино, Крива Паланка, Берово, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 23, Прилеп – 18, Куманово – 14, Кавадарци и Велес – по 13, Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 6, Тетово – 5, Гостивар – 4, Гевгелија, Штип и Неготино – по 3, Струмица, Кочани и Демир Хисар – по 2, Богданци, Кратово, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица, од Скопје (69г и 71г), починати во болнички услови. Кај пријавените починати лица (2), се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.250 тестови преку: ИЈЗ-205, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-51, Биотек-79, Систина-58, лабораторија Лаор-79, Синлаб-6, Ремедика-9, Плодност-7, Генеа-11, Никоб Лаб-227, ВФВ Медикал-25, Ели Медика Плус-21, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-18, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 973.

Досега во земјата се направени вкупно 1.933.038 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.867, бројот на оздравени пациенти е 291.719, на починати е 9.164, а бројот на активни случаи изнесува 1.984.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 141.647, Активни 1.065
Куманово 16.445, Активни 76
Битола 14.534, Активни 124
Прилеп 13.858, Активни 140
Тетово 13.393, Активни 42
Кавадарци 10.330, Активни 76
Велес 9.618, Активни 48
Гостивар 9.506, Активни 28
Охрид 8.633, Активни 92
Струмица 7.960, Активни 29
Штип 7.945, Активни 16
Кичево 5.513, Активни 37
Кочани 5.014, Активни 22
Струга 4.673, Активни 17
Гевгелија 4.325, Активни 31
Неготино 3.639, Активни 9
Ресен 2.658, Активни 25
Свети Николе 2.612, Активни 6
Радовиш 2.503, Активни 18
Крива Паланка 2.399, Активни 6
Делчево 1.904, Активни 4
Дебар 1.660, Активни 10
Берово 1.636, Активни 5
Валандово 1.469, Активни 9
Виница 1.369, Активни 14
Пробиштип 1.259, Активни 2
Богданци 1.013, Активни 7
Кратово 956, Активни 13
Крушево 915, Активни 5
Демир Хисар 821, Активни 3
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 583, Активни 2
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 483, Активни 1
Дојран 341, Активни 0

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе