Уште еден млад пациент ја загуби битката со болеста

27-годишно момче од Куманово почина на Инфективната клиника од ковид-19, немал претходни заболувања

Пациент на возраст од 27 години од Куманово починал на Инфективната клиника во Скопје од ковид-19, ни одговорија од Министерството за здравство на нашето прашање во врска со објава на социјалните мрежи. Од министерството за здравство велат дека информацијата е точна и дека момчето било примено на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба, а пред тоа неколку дена се лекувал дома, бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница.

„27-годишниот пациент, почина на Клиниката за инфективни болести каде беше примен во исклучително тешка состојба. Пред да биде донесен на Клиниката, 6 дена се лекувал дома, 4 дена бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација. Пациентот немаше хронични заболувања освен покачена телесна тежина“, стои во одговорот на Министерството за здравство. 

Вчера, одговор од Министерството за здравство добивме и за друг пациент на возраст од 35 години за кого ни беше потврдено дека починал од ковид-19 и дека немал претходни заболувања. 

Во статистиката на починати лица најмногу се над 60 години и според МЗ се со коморбидитети, но има и млади лица без никакви заболувања. 

Вчера беа регистрирани нови 934 лица позитивни на ковид-19, а починаа пет лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г). Сите се починати во болнички услови.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и покрај високите бројки на заболени лица, изјавија дека нема потреба од каранктин и дека мерките кои беа изгласани пред неколку дена, а кој вклучуваат носење маска и на отворено се доволни и ќе дадат резултати за две до три недели. 

 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе