24-годишната пациентка од Тетово која почина од ковид-19 немала хронични заболувања

За 24-годишната пациентка од Тетово која почина од ковид-19 на Инфективната клиника не било пријавено дека има хронични заболувања, а лекарите најавуваат дека наредните денови ќе разговараат со семејството за да утврдат евентуално присуство на можни коморбидитети.

Како што објавуваат дел од медиумите, пациентката била болна една недела пред да биде примена на Клиниката за инфективни болести на 28 јуни. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Четири дена била лекувана од матичен лекар, а поради влошена клиничка слика се јавила во тетовската болница, а потоа била префрлена на Инфективната клиника со ниска сатурација и отежнато дишење. Одредено имало извесно подобрување на состојбата која потоа нагло се влошила со попуштање на срцевата акција и  белодробна тромб емболија.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе