Министерство за здравство

234 нови случаи на ковид-19 од 1.208 тестирања, починаа 7 лица, меѓу нив и странец

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19, што претставува 19,3 отсто од тестираните. Регистрирани се 274 оздравени, а починаа 7 лица, соопшти Министерството за здравство.

Новите регистрирани случаи на ковид-19 се во Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, во Тетово и Кочани по 7, Гостивар – 6, во Штип и Велес по 5, во Охрид и Гевгелија по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола и во Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип по 1.

Регистрирани се 274 оздравени пациенти од кои од Скопје – 138, Кавадарци – 33, Неготино – 19, Велес – 10, Крива Паланка и Ресен – по 8, Штип – 7, Куманово – 6, од Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово по 5, од Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 3, од Кочани, Кичево и Пробиштип по 2 и од Берово и Богданци по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г-странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направените 1.208 тестови се преку ИЈЗ-309, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-0, Биотек-161, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Систина-257, Лаор–0, МАНУ-0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, ИБЗД Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 269, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 45.070, активни 3.719

Куманово 5.605, активни 290

Тетово 5.471, активни 292

Прилеп 5.431, активни 658

Гостивар 3.795, активни 154

Штип 3.665, активни 121

Велес 3.459, активни 257

Битола 3.441, активни 181

Кавадарци 3.405, активни 604

Охрид 3.257, активни 440

Струмица 2.728, активни 185

Струга 2.417, активни 190

Кочани 1.829, активни 74

Кичево 1.778, активни 70

Неготино 1.253, активни 217

Гевгелија 1.224, активни 186

Свети Николе 1.109, активни 23

Крива Паланка 837, активни 83

Ресен 813, активни 61

Дебар 795, активни 44

Радовиш 744, активни 25

Делчево 745, активни 185

Берово 643, активни 25

Пробиштип 545, активни 24

Виница 523, активни 25

Валандово 368, активни 27

Крушево 284, активни 71

Кратово 277, активни 29

Богданци 275, активни 46

Демир Хисар 266, активни 15

Македонски Брод 252, активни 7

Демир Капија 242, активни 32

Македонска Каменица 193, активни 3

Пехчево 186, активни 4

Дојран 95, активни 2

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе