Не бил вакциниран

22-годишното момче од Битола почина од ковид за само шест дена

22-годишниот битолчанец кој почина од ковид-19 не бил вакциниран и како коморбидитет имал прекумерна тежина, а починал само шест дена од позитивниот тест и потврдата дека е заразен.

„Пациентот бил лекуван во Клиничката болница Битола, позитивен на ковид-19 од 09.10.2021. Прв пат се јавил на преглед на 10.10.2021 на Инфективното одделение во Битолската болница, а според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома“, велат од Министерството за здравство.

Момчето било на лекарски преглед и на 11 октомври, а за следниот ден му биле закажани контролни анализи.

„На 12.10. поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи, пациентот бил хоспитализиран. Во лекарскиот извештај е наведено дека пациентот бил ставен на кислородна поддршка и му била дадена соодветна терапија. Кај пациентот дошло до прогресивно влошување на состојбата и починал на 15.10.2021“, додаваат од Министерството за здравство.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе