Епидемиолошка состојба

21 позитивен тест на ковид-19 во последното деноноќие, еден пациент почина

Во последните 24 часа од направени 893 тестирања регистрирано е 21 лице заразено со ковид-19, а еден пациент почина во прилепската болница. .

Новите случаи на ковид-19 се регистрирани во следните градови:

Скопје – 15, Битола – 3, Кавадарци, Кичево и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (21), не се регистрирани реинфекции.

Регистрирани сe 89 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Битола – 16, Прилеп – 6, Велес – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Штип – 2, Кичево и Тетово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Прилеп (72г), починато во болнички услови.

Направени се 893 тестови преку: ИЈЗ-44, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-20, Авицена-0, Биотек-32, Систина-25, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-10, Генеа-0, Никоб Лаб-146, ВФВ Медикал-13, Ели Медика Плус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 552.

Досега во земјата се направени вкупно 2.012.168 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.229, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи изнесува 561.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 145362, Активни 304
Куманово 16627, Активни 11
Битола 15235, Активни 97
Прилеп 14125, Активни 21
Тетово 13447, Активни 10
Кавадарци 10625, Активни 19
Велес 9757, Активни 17
Гостивар 9573, Активни 4
Охрид 8825, Активни 17
Струмица 8048, Активни 8
Штип 8011, Активни 10
Кичево 5607, Активни 9
Кочани 5072, Активни 2
Струга 4715, Активни 4
Гевгелија 4398, Активни 2
Неготино 3677, Активни 3
Ресен 2712, Активни 1
Свети Николе 2624, Активни 1
Радовиш 2528, Активни 3
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 2
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1645, Активни 5
Валандово 1485, Активни 4
Виница 1389, Активни 2
Пробиштип 1265, Активни 0
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 963, Активни 1
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 2
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе