Епидемиолошка состојба

20 лица починаа, тројца биле вакцинирани, уште 1.424 случаи на ковид-19

Во последните 24 часа како последица на компликации од ковид-19 починале 15 пациенти, а уште пет смртни случаи се заведени од МојТермин за  периодот од 4 до 20 јануари. Тројца пациенти од починатите биле целосно вакцинирани. Од направените 5.604 тестови. позитивни на ковид се 1.424 лица, од кои 214 лица по вторпат се заразиле.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424 нови случаи на ковид-19:
Скопје – 790, Битола – 92, Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45, Штип – 43, Прилеп – 37, Охрид – 36, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Гостивар – 31, Кичево – 27, Велес – 24, Ресен – 20, Неготино – 18, Кочани и Свети Николе – по 13, Крива Паланка – 10, Струга – 8, Виница – 7, Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод – по 5, Делчево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кратово и Демир Капија – по 2, Дебар, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции.

Регистрирани сe 1.083 оздравени пациенти од: Скопје – 496, Битола - 122, Куманово – 67, Прилеп – 56, Кавадарци – 39, Кичево – 32, Велес – 31, Ресен – 30, Охрид – 29, Штип – 28, Гостивар – 21, Радовиш – 20, Неготино – 18, Кочани – 17, Гевгелија – 15, Берово – 11, Свети Николе – 10, Струга – 7, Богданци и Демир Хисар – по 6, Пробиштип – 5, Виница – 4, Крива Паланка, Македонски Брод и Кратово – по 3, Валандово – 2, Дебар и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (69г, 72г, 77г, 82г, 89г и 90г), по 2 починати од Велес (43г и 69г), Струмица (65г и 66г) и Прилеп (58г и 80г) и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63г до 80г. Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.

Направени се 5.604 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–285, Жан Митрев (Филип Втори)-149, Авицена-177, Биотек-269, Систина-95, лабораторија Лаор-247, Синлаб-38, Ремедика-9, Плодност-108, Генеа-14, Никоб Лаб-592, ВФВ Медикал-86, Ели Медика-46, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-37, Рапид Лаб–53, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–18, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.663.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 115.911, Активни 11.123
Куманово 14.307, Активни 748
Прилеп 12.361, Активни 863
Тетово 12.013, Активни 487
Битола 12.007, Активни 1619
Гостивар 8.539, Активни 316
Кавадарци 8.373, Активни 561
Велес 8.121, Активни 384
Охрид 7.708, Активни 642
Штип 7.337, Активни 340
Струмица 6.931, Активни 496
Кичево 4.778, Активни 289
Кочани 4.467, Активни 222
Струга 4.249, Активни 240
Гевгелија 3.505, Активни 357
Неготино 2.967, Активни 212
Свети Николе 2.332, Активни 117
Ресен 2.227, Активни 230
Крива Паланка 2.137, Активни 130
Радовиш 2.116, Активни 179
Делчево 1.680, Активни 150
Берово 1.605, Активни 93
Дебар 1.488, Активни 21
Валандово 1.271, Активни 163
Виница 1.249, Активни 46
Пробиштип 1.235, Активни 46
Кратово 859, Активни 61
Богданци 805, Активни 78
Крушево 800, Активни 141
Демир Хисар 744, Активни 71
Македонски Брод 611, Активни 39
Македонска Каменица 480, Активни 45
Демир Капија 466, Активни 21
Пехчево 402, Активни 28
Дојран 200, Активни 13

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе