Министерство за здравство

18 новозаразени, двајца починати, еден на 73 години и еден на 44 години

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци пронајдено е починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Новозаразени се 18 лица. Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома, соопшти Министерството за здравство.

На клиниката во Скопје примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ во Скопје примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина. 

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов таму се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно–тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 261, Куманово - 130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци - 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш - 4, Крушево – 3, Кочани – 18.

Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25  и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230  тестирања на ковид-19. 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе