Министерство за здравство

13 починати и 393 оздравени пациенти од ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19, од кои најбројни се во Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1. Oд вкупно починатите лица, едно е на возраст од 35 и едно на 39 години.

Регистрирани сe вкупно 393 оздравени пациенти (Скопје – 123, Битола и Охрид – по 37, Кавадарци – 20, Велес и Крива Паланка – по 19, Прилеп – 15, Кочани – 13, Тетово и Куманово – по  12, Штип  и Струга – по 9, Кратово – 7, Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар – по 6, Неготино, Валандово и Радовиш – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Виница – по  3, Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 2, Кичево, Крушево и Демир Капија – по 1).

Од починатите 13 починати лица, шестмина се од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г), 2 починати лица од Куманово (75г и 80г), и по едно починато лице од Берово (77г), Битола (69г), Велес (71г), Македонска Каменица (35г) и Ресен (76г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29  ноември до 4 декември. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе