среда, 24 април 2024
Време

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно, претпладне со кратки сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни претпладне во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Дневните температури ќе се движат од 5 до 15 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ