Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка на прашања од интерес на двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот на Бајден за претседател на САД.

Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка.

Во писмото, новоизбраниот претседател на САД Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа. 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе