Ова веднаш предизвика реакција на битолчани со барање фотографиите да се тргнат. Имено се работи за фотографии направени од страна на сервисот на Гугл истовремено кога во Битола се снимаше филмот „Ослободувањето на Скопје“. Знамињата на улицата „Кирил и Методиј“ всушност беа дел од сценографијата за овој филм.
Општина Битола веднаш реагирала до Гугл и побарала овие фотографии да бидат отстранети.