Скопје

На Гинекологија се родиле четири бебиња со неодреден пол

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во текот на изминатата година се родиле 4 бебиња без јасни полово дефинирани гениталии.

На оваа скопска клиника велат дека податоците покажуваат дека и во претходните години се родиле во просек по две до три деца со недоволно јасни полови карактеристики, но дека има и такви бебиња што ги имаат и двата пола (хермафродити).

Бебињата со вакви малформации, како што ни објаснија на Клиниката за гинекологија, во регистарот се заведуваат како новороденчиња. На ова најчесто стасувале реакции од МВР - зошто на новороденото бебе не му е заведен полот?

„Сега веќе немаме такви проблеми. И во МВР знаат дека бебињата со недоволно јасни полови карактеристики ги заведуваме како новороденчиња“, велат на Клиниката за гинекологија.

Во битката за заштита на правата на интерсексуалните луѓе во Германија од неодамна во јавниот регистар освен категориите М за мажи и Ф за жени е воведена и трета – X. Со ова, Германија, како што објавивме деновиве, стана првата европска земја што им овозможува на родителите на бебињата родени без јасно дефинирани полови карактеристики да го остават празно полето „машко / женско“ на изводите, создавајќи категорија „трет пол“ во јавниот регистар.

Ваквата регулатива била поттикната по една студија од 2012 на Германскиот етички совет, која покажала дека правата на интерсексуалните луѓе не биле добро заштитени. Целта била да се избегне притисокот врз родителите да донесуваат брзи одлуки за полот на новороденчињата, зашто дури едно од 2.000 бебиња имало карактеристики на двата пола.

Во Македонија одделот за ендокринологија и генетика при Детската клиника во Скопје е единствената установа каде што се вршат испитувања на новородени и деца што имаат недиференциран пол. Но во земјава сè уште не се размислува на чекори по примерот на Германија во однос на регистрацијата на новороденчињата, со оглед на тоа што бројот на ваквите бебиња е многу мал, велат лекарите што се занимаваат со оваа проблематика.

 На Детската клиника деца со вистински хермафродитизам се откриваат еднаш во 4 до 5 години. Формите на машки или женски псевдохермафродитизам, каде што одлуката во однос на идната полова припадност е дефинирана, се нешто почести, 1 до 2 деца годишно, велат лекарите.

Хермафродитизмот претставува ендокрино нарушување во развојот на гонадите - во еден тип полови жлезди или овариуми постои дел или цела полова жлезда од спротивниот пол (во машки женска полова жлезда и обратно). Причините за ова нарушување сè уште не се до крај разјаснети, но најчесто се појавува недоволна развиеност или недоволна функционалност на половите органи, а има случаи и на двополови органи.

Терминот хермафродит е позајмен од митот за Хермафродит, синот на Хермес и Афродита. Во своите Метаморфози, Овидиј пишува дека нимфата Салмакида страсно се вљубила во него и ги замолила боговите никогаш да не се одвои од него и нејзиното тело засекогаш да се спои со неговото. Вистинскиот физички спој на овие две суштества истовремено ја истакнува и бисексуалноста на секој хермафродит, но и неговата невозможност за самооплодување, велат лекарите, бидејќи едно човечко битие не може да ги содржи и машките и женските репродуктивни функции во исто време. Научниците за хермафродитизмот, како што сведочат, некои историски податоци, покажале интерес дури во 19 век.

С.М.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе